Координаторот на Обединети нации за блискоисточниот мировен процес Николај Младенов апелираше до израелскиот Парламент да го откаже денешното гласање за предлог-законот за озаконување на израелските населби на палестински територии.
– Ако тоа стане закон ќе има многу сериозни правни последици за Израел и во голема мера ќе се намалат можностите за арапско-израелски мир, посочи Младенов.
Тој посочи дека таков став нема само меѓународната заедница туку у главнито обвинител на Израел, Авишај Манделбит, кој за предлог-законот изјави дека е неуставен.
Предлог-законот за кој се очекува да биде изгласан во Кнесетот се однесува на 4.000 домови незаконски изградени на палестинска територија. Се предлага наместо дислоцирање на домовите, сопствениците на земјиштата да бидат обештетени со друга земја или да им се исплатат пари.