Шојбле: Еврото има ниска вредност

Од:

Германскиот министер за финансии Влофганг Шојбле се вклучи во дебатата околу вредноста на заедничката европска валута, обвинувајќи ја Европската централна банка (ЕЦБ), за, како што рече, ниската вредност на еврото, која не и одговара на Германиија.

Наспроти тврдењата на советникотот на американскиот претседател Доналд Трамп, Питер Наваро, кој минатата недела изјави дека Берлин ја злоупотребува ниската вредност на еврото за да обезбеди трговски суфицит со своите партнери во ЕУ и САД, Шојбле смета дека политиката на ниска вредност на еврото во однос на другите валути што ја промовира ЕЦБ, не и одговара на Германија.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, во изјава за магазинот „Тагесшпигел“, Шојбле тврди дека на конкурентната германска економија повеќе и одговара посилно евро.

– Вредноста на еврото строго кажано е прениско за германската еконоија, што е конкурентски настроена. Кога шефот на ЕЦБ, Марио Драги ја започна експанзивната монетарна политика му реков дека тоа ќе предизвика суфицит во германскиот извоз, тогаш ветив дека нема јавно да ја критикувам оваа политика. Но, не сакам јас да бидам критикуван за оваа политика, изјави Шојбле за германскиот весник.

Во врска со истапувањето на Велика Британија од ЕУ, германскиот министер за финансии, за разлика од поголемиот број европски политчари кои сметаат дека Лондон не смее да добие никакви трговски повластици по Брегзит, вели дека треба да се постигне разумен договор, признавајќи дека ЕУ има бенефиции од лонднскиот финансиски центар Сити.

– Ние не сакаме да ги казниме Британците за нивната оддлука. Ние сакаме да ја задржиме Британија поблиску до нас. Лондон нуди квалитетени финансиски услуги, кои не можат да бидат најдени на други континенти. Тоа ќе се промени по одвојувањето, но ние треба да најдеме разумни правила со Британија, смета Шојбле.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“