Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Од:

Мал авион денеска се урна во комплекс на челичарница во северна Германија, при што загинаа пилотот и копилотот, соопшти полицијата.

Авионот полетал од аеродромот во Салцгитер-Драјт и се урна на теренот на челичарницата Салцгитер, потврдил портпаролот на противпожарната служба.

Точната причина за несреќата првично беше непозната, но портпаролот на полицијата нагласи дека се претпоставува дека станува збор за несреќен случај, јави агенцијата ДПА.

Авионот паднал во тесен простор меѓу две сали и се запалил, изјави шефот на противпожарната служба Арно Зикс.

Според него, низ густиот чад можеле да се видат само делови од крилото, а она што останало го опишал како „изгорена челична рамка“.

Зикс рече дека околу 90 служби за итни случаи биле на местото на несреќата, на околу 50 километри источно од Хановер, и дека болничарите констатирале смрт на двајцата мажи во авионот откако пожарот бил изгаснат.

Федералното биро за истраги на авионски несреќи започна истрага за причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Два патнички авиони речиси ќе се судреа над Лос Анџелес

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

А1он

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Хаос на улиците во Германија: Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицијата и ограбуваа продавници

Горан Наумовски