Финалето на Лигата на шампиони во 2019 година ќе се игра на Олимпискиот стадион во Баку или на новиот стадион на Атлетико во Мадрид, соопшти УЕФА.
Тие потврдија дека двата града поднеле барање да бидат домаќини, со тоа што стадионот во Мадрид Метрополитано, е со капацитет од 73.000 места и треба да биде завршен до крајот на оваа година.
Баку никогаш не бил домаќин на финален натпревар во рамки на УЕФА, додека Мадрид трипати добил доверба.
Оваа година финалето на ЛШ ќе се игра во Кардиф на Милениум, а следната на Олимпискиот стадион во Киев.