„Партија за економски промени 21 (ПЕП 21) укажува дека Претседателот Иванов свесно ги прекршува Уставот и законите и наместо да постапува во согласност со истите, тој овозможувa и поттикнува понатамошно разуздано владеење на моменталната нелегитимна и незаконска власт.
Иванов не само што тој лично го руши уставниот и правен поредок во државата, туку купувајќи време за некакви интриги на функционерите на ДПМНЕ, поттикнува и одобрува незаконито и против уставно извршување на министерски функции од страна на лица кои имаат верификуван мантат на Пратеници во Собранието на РМ.
Партија за економски промени 21 (ПЕП 21) ги повикува Димитриев, Канческа-Милевска, Поповски и Тодоров, веднаш да престанат со незаконско и противуставно вршење на функциите како министри и воедно да престанат со маркетинг и популизам искажувајќи лажна и дволична загриженост за Република Македонија и нејзините граѓани.
Партија за економски промени 21 (ПЕП 21) им укажува и на останатите функционери, дека во периодот до составување на новата реформска Влада, која ќе се формира како резултат на желбата на мнозинството граѓани кои избраа промени, истите треба само да овозможат основно функционирање на институциите и редовно извршување на тековните работи.
За сите други преземени дејствија и постапување надвор од основната јавна дејност и надлежности на државните институции (проекти, мерки и слично), функционерите ќе подлежат на ревизија и ќе сносат одговорност.
Десет години сме сведоци на нивните мерки и заложби кои ја уништија државата и ги осиромашија и иселија граѓаните. Се покажа дека Владата на ДПМНЕ се грижеше само за лично богатење на високи партиски функционери и нивните семејства, а по се изгледа основен проект им беше пренасочување на народните пари на сметки на фирми блиски до нив“, соопштуваат од ПЕП 21.