Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Од:

По повод Глобалниот ден на изборите, кој се оддржува секој прв четврток во февруари, Државната изборна комисија оствари работна средба со претставници од Граѓанската асоцијација МОСТ.

Средбата, како што соопшти ДИК, била во насока на проширување на соработката помеѓу ДИК и МОСТ, а на која Граѓанската асоцијација МОСТ на ДИК и ја предала на користење датабазата на одлуки и пресуди по приговори и тужби за изборите, претходно подготвена од страна на МОСТ.

Датабазата е изработена во форма на веб-страница (http://izbornapravda.mk) која ги содржи самите одлуки и пресуди во форма на документи во pdf формат, како и основни податоци за истите, како на пример изборен циклус, вид на приговор, избирачко место, одлука по приговор итн. По овие критериуми датабазата може и да се пребарува.

Датабазата е подготвена како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ спроведен од Граѓанската асоцијација МОСТ, а финансиски поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, Британската Амбасада во Скопје, Националниот демократски институт (NDI) и Националниот фонд за демократија (NED).

Би можело да ве интересира

Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањето на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: ДУИ е во паника, изјавите им се притисок врз Управниот суд

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

ДИК го поништи гласањето на три избирачки места по приговори на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски