Претседателот Иванов, после консултациите со политичките партии се обрати до јавноста каде побара од новиот мандатар програма со два клучни приоритети, заштита на државните интереси и системска реформа на кризата.
Ваквиот став, Претседателот Иванов го немаше кога го довери мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Според членот 90 од Уставот на Република Македонија, Иванов треба да го даде мандатот на партијата или партиите кои имаат 61 пратеник во Собранието и нема никакви ингеренции да оценува партиски програми и да ги условува партиите со било какви приоритети во нивните програми.