„Нова европска политика за социјална кохезија“ е темата на конференцијата што денеска во Скопје ја организира Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).
Конференцијата ја организира СОНК во соработка со меѓународни организации на трудот, а е под покровителство на ЕУ.
На неа ќе учествуваат претставници на синдикални организации од повеќе земји во регионот.