Елвис живее во куќа на Амди, а Амди нема куќа

Од:

Синот Елвис, градоначалник на Шуто Оризари, во Државната комисија за спречување на корпцијата пријавил дека како имот не поседува ништо, а живее во куќа на родителите од 100 метри квадратни.

Во исто време Амди, татко на Елвис, избран пратеник не ја пријавил куќата која ја посочува неговиот син. Амди напишал дека од имот има возило Пежо и кредит како имот на деца кој го земал во 2009 со рок на исплата до 2013.

Синот градоначалник и таткото долгогодишен пратеник инаку немаат ни денар ни евро заштеда.

А ДКСК наместо при пријавувањето да преиспита што е напишано во анкетните листови, само препишува на сајтот на Комисијата.
Кога градоначалникот на Шутка ќе го заврши средното училиште?

Би можело да ве интересира

13 кандидати за претседател на ДКСК

ДКСК ќе поднесе иницијатива за утврдување одговорност во АД Електрани

Ристовска порача: ДКСК останува посветена на своите законски обврски

Билјана Ивановска, кандидат на „Независни заедно“ за Центар заработи кривична пријава

Од денес Цвета Ристовска е нов заменик претседател на ДКСК

Десетина кандидатури се пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на ДКСК