Главните обвинители на 15 држави и округот Колумбија го осудија указот на Трамп

Од:

Главните обвинители на 15 американски држави и на округот Колумбија, кои претставуваат приближно една третина од населението на САД, вчера го осудија антиимигрантскиот указ на претседателот Доналд Трамп, јавија светските агенции.

Во заедничкото коминике главните обвинители, сите од Демократската партија, указот на Трамп го нарекуваат „антиамерикански и незаконски“ и изразуваат увереност дека тој ќе биде отфрлен од судовите.

„Ние го осудуваме указот на претседателот Трамп, кој им противоречи на Уставот, на вредностите на Америка и е незаконски, и ќе работиме заедно да гарантираме дека федералната Влада се потчинува на Уставот, ја уважува нашата историја, што се темели на имиграцијата и не етикетира никого само заради неговата националност или вера“, посочуваат главните обвинители во коминикето, цитирано од француските медиуми.

Според нив, „религиозната слобода била и секогаш ќе биде основниот принцип на нашата држава и ниту еден претседател не може да ја промени оваа вистина“.

Судии во најмалку пет држави го блокираа извршувањето на указот од федералните власти, пренесуваат британските медиуми. Притоа, адвокати, кои ги претставуваат засегнатите луѓе со ограничувачките мерки, изјавуваат дека некои претставници на власта вчера не сакале да ги реализираат одлуките на судиите.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

Поранешниот адвокат на Трамп сведочеше дека и платил на Сторми Даниелс 130.000 долари за да молчи