ВМРО-ДПМНЕ: Деструкцијата на платениците на Сорос е прочитана секаде

Од:

„Децата, сопругите и најблиските на 40-тината полициски службеници кои беа нападнати и повредени во насилните протести на хулиганите на СДСМ/Сорос пред Владата, треба да знаат дека правдата доаѓа. Семејствата и на останатите полициски службеници повредени при дивеењето на вандалите од таканаречената платеничка револуција, треба да знаат дека правдата ќе ги стигне насилниците.

СДСМ/Сорос две години дивееја уништувајќи се пред себе.

Предизвикаа штети тешки десетици милиони евра, палејќи и демолирајќи се што ќе им се најде во близина.

Бандите на СДСМ/Сорос се надеваа дека со пари и со помош од надвор ќе ја изиграат волјата на народот, ќе се дограбат до власт и ќе продолжат со својот деструктивен поход, минувајќи неказнето.

На 11-ти декември народот им стави крај на ваквите мрачни фантазии на хулиганите на СДСМ/Сорос.

На 11-ти декември, народот им порача дека не сака хулигани и криминалци да ја водат државата, гласајќи за правда и одговорност на оние што дивееја низ државата.

Деструкцијата на платениците на Сорос е прочитана секаде. Следува време на десороизација“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ