Хотел се сруши во река во Перу

Од:

Хотелот Ла Хациенда кој што се наоѓал покрај брекот на реката Сикра во градот Лиркај во Перу, целосо се сруши во надојдената река, по обилните дождови кои го зафатија регионот.

Целиот регион е погоден од силно невреме, а поројните дождови и надојдената река ги поткопале темелите на овој хотел на три спрата.

За среќа сите луѓе од хотелот биле евакуирани, па нема повредени, а од менаџментот на хотелот ги критикуваат властите за немањето на начин на одбрана против поплавите.

Овој хотел не е единствена градба која што е оштетена или уништена во регионот, а затворени се и многу патишта поради одрони.

Според Националната метеролошка станица на Перу, дождовите ќе продолжат до Април и ќе ги зафатат централните и јужните делови од земјата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните