Во Основниот суд Скопје 2 денеска продолжува судењето на Слободан Богоевски, кого го тужеа лидерот на ДУИ Али Ахмети и неговиот сопартиец, Муса Џафери.
Ахмети и Џефери го тужат Богоевски за клевета по неговата изјава дадена за Њујоршкиот суд за случајот „Маѓар телеком“. Според тужбата, Ахмети како отштета бара 3 милиони евра, а Џафери 2,5 милиони евра.
Претходно се одржаа две подготвителни рочишта кои беа одложени бидејќи на Богоевски се уште имаше рок за одговор на тужба.
Изјавата поради која е поднесена тужбата, Боговески ја даде пред американската Комисија за хартии од вредност и пред окружниот суд во Њујорк.
Според сведочењето на Богоески за Њујоршкиот суд, вкупно 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари, односно експремиерот Владо Бучковски, Ахмети и Џафери.
Неговото образложение е дека согласно американското и македонското законодавство самата тужба за клевета не е дозволена, бидејќи тој изјавата ја дал како сведок во случајот „Маѓар Телеком“, а покажа и документ од Комисијата за хартии од вредност на САД, според кој не смее да одговара за изјава што ја дал во судски процес.