Вицепремиерот Фетаи го тужи Ќамил Ковачи бидејќи ширел лаги и клевети

Од:

Правниот застапник на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи денеска во Јавното обвинителство во Скопје поднесе тужба за клевета и нарушување на угледот против членот на ДУИ, Ќамил Ковачи.

Тужбата, како што информира Кабинетот на вицепремиерот Фетаи, се однесува на лагите и клеветите што Ковачи ги ширел на социјалните мрежи, монтирајќи изјави кои вицепремиерот Арбен Фетаи никогаш не ги кажал.

– Целта е да се оцрни угледот на вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН, да се дезориентираат и излажат граѓаните и да се создаде лажен впечаток, заснован на лаги, монтажа и измислици. Оваа тужба е јасна порака дека ќе ја браниме вистината до крај, со сите правни средства. Ќе ги заштитиме граѓаните од дезинформации и нема да дозволиме клеветите, лагите и измамите да се претворат во политичко оружје, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

До крајот на месецов ќе почнат разговорите за реконструкцијата на Владата

Вицепремиерот Фетаи си поднесе оставка: Заминувам со крената глава и со чиста совест

А1он

Левица бара разрешување на вицепремиерот Арбен Фетаи

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски

Тужба за американска инфлуенсерка, тврди дека „Брижит Макрон е маж“

А1он

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција

А1он