Докторка кардиолог деградирана на пониско работно место бидејќи си ги барала парите што болницата и ги должи

Од:

Специјалистката по интервентна кардиологија, докторката Виолета Мојсовска од кардиолошката болница во Охрид била прераспределена на друго работно место несоодветно за нејзината специјализација еден ден откако по судски пат побарала исплата на надомест за одвоен живот кој и следува законски, а кој не и бил исплатен за петте години специјализација на интервентна кардиологија.

Мојсовска е во завршна фаза на нејзиниот докторат на медицинскиот факултет во Скопје токму на тема интервентна кардиологија. Специјализацијата била исто така за интервентна кардиологија (стентирање, бајпасирање итн.). специјализацијата траела пет години –  во периодот од 2017 до 2022 година.

Согласно законот за овој период на докторката и следува надоместок за одвоен живот, кој во Македонија редовно доцни бидејќи клиниките не исплаќаат редовно, но не ретко завршува и со тужење на клиниките од страна на специјализантите.

Истото се случило и со Мојсовска. Таа неколку пати се обратила до клиниката со дописи за да се регулира она што и припаѓа, но од болницата останале глуви, по што таа ангажирала адвокат и на 30. мај поднела тужба.

„ Веднаш по поднесувањето на тужбата, мојот клиент иако имал решение за работа како кардиолог во одделението за интервентна кардиологија, експресно без никаква процедура е прераспределена на многу пониско работно место, несоодветно за нејзината специјализација, кое е на неколку нивоа под специјалноста на Д-р Мојсовска , односно на работно место во одделот за аритмии и електрофизиологија“, вели за А1он адвокатот Мишел Наумовски.

Поради сето ова против директорката на кардиолошката болница во Охрид Елена Коваческа-Башуровска, правниот застапник на Мојсовска поднел досега четири кривични и тоа:

  • за малтретирање во вршење на служба, бидејќи докторката трпела притисок да не ги побарува своите пари.
  • злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи повредила право од работен однос, потпишувајќи документ кој содржи ништовна клаузула – дека лекарот се откажува од правото на надоместок.

Адвокатот потенцира дека правото на надомест за одвоен живот за време на специјализација е загарантирано право и специјализантот неможе да се откаже од него. И доколку постои договор во кој е содржана клаузула дека специјализантот е согласен да се откаже од исплата на овој надоместок – таа клаузула е ништовна.

  • Кривична пријава за несовесно работење со службата
  • но и кривична за попречување на правда бидејќи избегнува да се изврши вештачење на потребната документација по барање на правниот застапник на Др Мојсовска

Одбраната на Мојсовска наведува дека директорката направила ненадоместлива штета на здравствената установа отстранувајќи од специјалноста еден млад докторант кој е посветен на интервентанта кардиологија, само поради што си го побарал своето загарантирано право од работен однос.

Освен тужбата за исплата на надоместокот која е веќе процесуирана, адвокатот на докторката Мојсовска најавува и уште една граѓанска тужба за мобинг.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов