Сите корисници на социјална помош од Крива Паланка и Ранковце ја обновиле документацијата

Од:

Вкупно 340 лица корисници на социјална парична помош од општините Крива Паланка и Ранковце евидентирани во Меѓуопштински центар за социјални работи-Крива Паланка, извршиле обнова на документацијата за продолжување на правото.

-Корисниците на социјална парична помош од двете општини, вкупно 340 на број, навреме извршија обнова на потребната документација за продолжување на ова право, информира Олгица Ристовска, директор на Меѓуопштински центар за социјални работи, Крива Паланка.

Во тек е и рокот за обнова на документација за користење прва од областа на детска заштита.

-Околу 60 – 70 отсто, од досега евидентирани 321 корисник на права од детска заштита веќе поднесоа документи за обнова на право на користење. Тука се вбројуваат корисници на посебен додаток, каде од 75 евидентирани 60 обновиле документи. Kорисници на право на парична помош за трето и четврто дете, од евидентираните 185 околу 100 поднеле документи, додека помал е процентот на поднесени документи од страна на лица корисници на право на детски додаток, истакна Ристовска.

Минатата година биле евидентирани 61 кориник на детски додаток од двете општини.

Ристовска апелираше навреме да се донесат потребнит документи согласно Законот за заштита на деца, а рокот за обнова на документи истекува заклучно со 31 март 2017 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Го врза кучето и го влечеше од автомобилот – кривична за 23 годишник од Крива Паланка

А1он

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка