Попоски до Плевнелиев: Покорисно е подавање рака а не креирање лажни закани

Од:

Никола Попоски кој во моментов има две функции, избра пратеник и министер за надворешни работи , на својот ФБ профил одговори на изјавата на досегашниот бугарски претседател Јордан Плевнелиев во која тој истакна дека Македонија може да стане член на ЕУ, но без македонизмот.

Еве што напиша Попоски:

Би било добро доскорешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев да ја имаше широчината, визијата и почитта за волјата на македонските граѓани, како што тоа го имаше бугарскиот претседател Жељу Желев за време на чиј мандат Бугарија прва ја призна независноста на Македонија и да одбере пораки на мир и подавање рака, отколку гонење митови и поттикнување фобии.

Благодарност до Бугарија од Македонија! Пред 25 години, првото признавање на независна и суверена Република Македонија дојде од Софија. Потоа следеа сите други пријатели. Претседателот Жељу Желев имаше демократско чувство и почит кон волјата на македонските граѓани. Даде недвосмислена поддршка во тешки моменти за сосед како нас. Голем човек несомнено, кој ја заслужува сета наша почит. Тоа беа други времиња, други луѓе, вели Поповски во пораката што ја напиша на својот фејсбук профил.

Колку би било добро, и оној кој до вчера ја имаше истата функција, Плевнелиев, да ја имаше истата широчина, визија и почит за волјата на граѓаните на соседна држава.

Да покаже сила и мудрост и да одбере пораки на мир, подавање на рака и одлучна поддршка за сите да бидеме во Европското семејство час поскоро. Тоа сигурно е покорисно отколку гонење на митови, креирање лажни закани и поттикнување на фобии. На крајот на денот, сите сме луѓе кои сакаат спокојство, благодет во живеењето и почит од ближните. Баш такви какви што сме. Лидерите се за да ни го покажат патот што не води во тој правец и да не поврзат.

Би можело да ве интересира

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

Бугарската министерка за надворешни работи предупредува на застој во евроинтеграцијата на Македонија

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

Радев најави мерки против инфлацијата и контрола на цените во Бугарија

Горан Наумовски

Автобуска несреќа во Бугарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски