Физички нападнат дописник од Охрид за „Вечер“

Од:

Новинарката-дописник од Охрид за дневниот весник „Вечер“, Сузана Вренцовска денеска попладне физички била напданата во центарот на Охрид во обид да ја заврши својата професионална задача.

Настанот се случил кога Вренцовка во обид да фотографира една од оштетените рампи за паркирање во строгиот центар на градот најпрво вербално, а потоа и физички била нападната од страна на две лица кои и го одзеле и фотоапаратот.

Во обид да си го земе апаратот новинарката била турната на земја при што таа се здобила со телесни повреди на раката. Случката настанала кога Вренцовска заедно со дописничката на „Канал 5“ телевизија, Соња Рилковска се нашле на местото каде што се случила сообраќајна незгода.

Според кажувањата на новинарките кон биле упатувани навредливи пораки. Полицијата привела неколку лица инвловирани во целиот случај, а охридската медиумска заедница најостро го осуди инцидентот и попречувањето на новинарите при професионално вршење на задача.

Новинарките велат дека во близина присутен бил и сообраќаен полицаец, но оти не реагирал никако и покрај барањето од нивна страна да ги заштити.

Мики Трајковски

фото: супер радио

Би можело да ве интересира

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион