Станбено – деловниот комплекс „Космос“ на пратеникот од Партијата за европска иднина (ПЕИ), Фијат Цаноски, по втор пат започнува со изградба откако денеска беше поставен камен темелник, објави порталот Плусинфо.
„Одобрението за градба го имаме, комуналиите се целосно платени и нашите планови се до крајот на идната година објектот да биде изграден. Постапивме по сите решенија и наредби од Општина Гази Баба и објектот го сведовме до бараното ниво. Останува неправдата која што ја претпе компанијата ФИНЕ од страна на градоначалникот и неовластената инспекторка, за што судските органи ќе го кажат својот збор. Штетата што ја утврдија еминентни домашни и странски вештаци преку своите експертизи изнесува повеќе од 35 милиони евра“, изјави Фијат Цаноски.
Со продолжување на изградбата на „Космос“ на работа се враќаат 300 луѓе.