Со натпреварот ФМП – Морнар 92:85 синоќа се комплетира 18. рунда од регионалната кошаркарска АБА лига.
И другите екипи кои беа домаќини на неделните дуели забележаа победи:
Олимпија – Партизан 74:68,
Црвена звезда – Крка 79:62 и
Цедевита – Мега Лекс 89:85.
Два бода во оваа рунда запишаа и македонските екипи. МЗТ Скопје го совлада Задар со 92:65, додека Карпош Соколи беше поуспешен од Цибона со 76:60. Доминацијата на домашните екипи ја најави Будуќност со триумфот над Игокеа 75:60.
Табела: Црвена звезда 18-0 (победи-порази), Партизан 14-4, Цедевита 13-5, Будуќност 13-5, Цибона 11-7, Игокеа 9-9, Олимпија 8-10, ФМП 7-11, Морнар 6-12, КАрпош Соколи 6-12, Задар 6-12, Мега Лекс 5-13, МЗТ Скопје Аеродром 5-13 и Крка 5-13.