Физичка пресметка се случи меѓу двајца патници на летот од Бејрут за Лондон, заради што пилотот морал принудно да слета во Истанбул.
Драматичната снимка на еден од патниците во авионот што полетал од Бејрут, покажува размена на тупаници меѓу двајца мажи, постар и помлад, како и останатите патници и стјуардесите кои ги разделуваат и се обидуваат да ја прекинат тепачката.
На крајот тоа им успеало, па воинствените мажи биле сместени на спротивни страни на леталото.
По хаосот што настана во авионот, пилотот одлучил принудно да слета во Истанбул, објави Daily Mail.