Замрзна дел од виновата лоза во Тиквешко поради ниските температури

Од:

Дел од виновите лози во Тиквешко замрзнаа поради ниските температури кои изнесуваа и до минус 18 степени целзиусови во изминатите денови, информираше денеска Диме Златев од Кавадарци, пензиониран магистер по земјоделски науки и човек со големо работно искуство во лозарството.

Според Златев кај десертните сорти на грозје “кардинал” и “афусали” дури и на температури од минус 15 степени целзиусови има до педесет проценти оштетувања.

– На температура од 18 степени под нулата, особено во лозовите насади покрај реките Вардар, Црна Река и Луда Мара, штетите од мразот се уште поголеми, рече Златев.

Како многу отпорни на ниски температури се покажале винските сорти на грозје “темјаника”, “станушина”, “жилавка”, “шардоне”, “ризлинг”, “мерло”, како и трпезните “викторија”, “мишел палиер” и “стражински”.

Според раководителот на работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино Ѓорѓи Ајтов, мрзнење кај родните папки од виновите лози како последица на ниските температури има, ако се земе во предвид колку се спуштија температурите деновиве.

– Теренската проверка која ќе почне од понеделник и ќе трае една седмица, ќе ги утврди вистинските штети според сорти на винови лози и локалитети, нагласи Ајтов.

Теренски согледувања најави и Зоран Шалев, началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски