Прихрана на животните во Национален парк „Пелистер“

Од:

Тимови на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола вршат прихранување на животните во Националниот парк „Пелистер“.

Од ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола информираат дека во рамките на заштитата на животинскиот свет во Националниот парк „Пелистер“, секоја зима се организира прихранување на животните.

– Акцијата за прихранување на животните се врши на определени места за кои се смета дека се посетени од некои видови на животни и притоа се поставуваат извесни количини на храна или минерали и сол, што им помага на животните во услови на остра зима полесно да ја преживеат, истакна Пеце Цветановски, портпарол на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола.

Прихраната на животните во Националниот парк се врши на четири локалитети, односно во атарот на Нижо Поле, под Пелистер, Вртешка и Брајчино, каде се поставени и распределени околу 90 килограми крупна сол, повеќе пакети со минерали, околу 80 килограми пченица, 50 килограми пченка и околу 15 бали со сено.

– Пченицата служи за да преживеат птиците, копитарите го користат сеното, минералите и солта, а за прихрана на дивите свињи се користи пченката. Доколку оваа зима се покаже како остра и сурова, веднаш штом се создадат услови на теренот, бидејќи на некои места снежната покривка е поголема од 50 сантиметри, ќе се изврши и дополнително прихранување, за што ние како јавна установа редовно издвојуваме средства за набавка на потребните материјали, потврди Цветановски.

Би можело да ве интересира

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер

Планинар изгубен на Пелистер, акцијата во тек

Предраг Петровиќ

Трибина „70 години ракомет во Битола“

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни

Горан Наумовски

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on