Мрзнат водомери поради ниските температури во Кавадарци

Од:

Мрзнат водомери поради ниските температури во Кавадарци. Раководителот на Работната единица за водовод и канализација при Јавното препријатие од овој град, Марјан Прескакулев денеска информираше дека околу седумдесет водомери се пријавени како нефункционални поради студот.

– На замрзнатите водомери им се искршени стаклата и тие не се во функција. Доколку не реагираат навреме, водокорисниците кои имаат вакви дефекти остануваат без вода за пиење, бидејќи водата ја полни шахтата и дворот. Затоа е неопходно ваквите проблеми да се пријават навремено, соопшти Прескакулев.

Тој нагласи дека мрзнат водомери кај дел од водокорисниците кои имаат непрописно направени водомерни шахти.

Екипи на „Комуналец” се на терен и активно работат на отстранување на ваквите дефекти.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанец ја нападна сопругата, па постави ГПС локатор во нејзиното возило

А1он

Мајка и ќерка се истепале пред ресторан во Кавадарци

Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција

Јанчев: Подметнат е пожарот на локалитетот Мушов Гроб

Горан Наумовски

Психијатри ќе одлучат дали тројцата осомничени за вчерашното убиство во Кавадарци свесно или не го убиле познаникот

Тројца осомничени за убиството во Кавадарци

Горан Наумовски