Божикен концерт на Македонската филхармонија

Од:

Македонската филхармонија денеска во Скопје ќе одржи Божикен концерт на кој како солист и како диригент, ќе се претстави светски познатиот виолинист Џулијан Рахлин. 

Рахлин и оркестарот на Македонската филхармонија ќе изведат виенски маршеви, романтични увертири, популарни танци, љубовни теми, дела од Росини, Чајковски, Штраус, Глинка, Годовски, Крајслер.

Џулијан Рахлин е еден од највозбудливите и најпочитуваните виолинисти на нашето време. Во последните 27 години, тој ја маѓепсува публиката низ целиот свет со неговиот исклучително богат звук, беспрекорна изведба и маестрални интерпретации, соработувајќи со најпрестижните диригенти и оркестри. Неговата желба да ги проширува сопствените музички хоризонти, ќе го одведе Рахлин и во сферата на диригирањето, а чести ќе станат и неговите изведби на виола. Тој е прогласен за амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

Би можело да ве интересира

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

Филхармонија ги откажа сите концерти до крајот на месец март

Ландов

ВМРО-ДПМНЕ ја демантира веста за Филхармонија, а ни збор за државните автомобили кои ги користи Груевски

Наум Локоски

Тодоров не мирувал: И Филхармонија ја впишал во Катастар во последен час

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Груевски пречекан со аплауз во филхармонија, не одговори дали ќе се повлече од лидерската позиција

А1он

Почина оперската певица Васка Биџова-Гајдова

Ана Ололовска