Филхармонија ги откажа сите концерти до крајот на месец март

Од:

Согласно новонастанатата ситуација во нашата земја и водејќи се од најновата препорака од Владата која беше донесена на 10 март 2020 година, а истата се однесува за одложување на јавните собири и настани, НУ Филхармонија ги одлага сите концерти заклучно со крајот на месец март.

„Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на [email protected] Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и саатницата кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат“, информираат од Филхармонија.

Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време од 10-14 часот.

За понатамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.

Би можело да ве интересира

Нови 160 заразени со коронавирус, починаа тројца пациенти

Ландов

Во Дебар двајца новозразени, само овој месец 25 лица

А1он

Се намалува бројот на активни случаи на Ковид-19 во скопските општини

А1он

Нови 141 случај на Ковид-19 во земјава, починаа две лица

А1он

Скопјанец собрал публика на турнир во мал фудбал, доби казна од 2.000 евра

А1он

Петмина патници од завчерашниот лет за Финска позитивни на коронавирус, 17 одбиле да се тестираат

А1он