Тодоров не мирувал: И Филхармонија ја впишал во Катастар во последен час

Од:

Никола Тодоров како заменик претседател на Владата потпишал објектот на Македонската филхармонија да биде внесен во Катастарот на 31. Мај, 10 дена по отворањето на објектот и неколку часа пред да биде избрана новата Влада.

Одлуката е експресно објавена во Службениот весник, односно еден ден откако Тодоров ја потпишал.

Иако одлуката е излезена во Службен весник, во Катастар, земјиштето каде што се наоѓа Филхармонијата се уште е заведено како „каменјар“.

Филхармонијата која беше отворена без технички прием и без да биде внесена во Катастарот служеше за фотографирање на целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако тврдеа дека купиле билети за да го следат отворањето, ниту еден од челниците на партијата не покажа билет за влез во салата.

Како што претходно објави А1он, Никола Тодоров како заменик премиер на неколку часа пред изборот на новата реформска Влада му даде на лидерот на неговата партија, Никола Груевски две државни возила, а десетина дена пред заминувањето, тој разрешувал и именувал, отворал и затворал конзулати.

Инаку, во периодот кога ги потпишува овие одлуки, Тодоров кој истовремено беше вицепремиер, министер за здравство и пратеник си поднесе оставка од пратеничката функција бидејќи сакал да работи како адвокат и да даде поголем придонес во партиските активности.

Зад низата скандалозни одлуки кои ги откри А1он со свој потпис стои вицепремиерот од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, а ниту на една се нема потпишано екс премиерот Емил Димитриев.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

Орце Костов

Поскапе имотниот лист: Катастар ги зголеми цените поради поскапата струја и повисоките плати

Орце Костов

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработена во Агенцијата за катастар побарала поткуп од 2.000 денари

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата