Фолксваген „Поло R“ располага со 300 КС и 1,6-литарскиот TSI бензински агрегат. Силата се испорачува на сите четири тркала.
Од место до „стотка“ забрзува за 4,1 секунда, со што германскиот автомобил е конкурентен рамноправно да се носи со бранитетлот на титулата во Светскиот Рели Шампионат „Ситроен DS3 WRC“, што својата непобедливост ја докажа под „палката“ на легендарниот Себастијан Леб.
Но, „Поло R WRC“ освен во шампионот „Ситроен DS3 WRC“, ќе има голема конкуренција и во „Форд фиеста RS WRC“ и во „Мини џон купер воркс (Mini Johan Cooper Works) WRC“.