Кошаркарот на Црвена звезда Марко Симоновиќ е избран за најкорисен играч во 15.коло од регионалната АБА лига.
Тој во 15-тата победа на „црвено-белите“ остварена над Цедевита со 95:91, учествуваше со 27 поени, две асистенции и две украдени топки и вкупен индекс на корисност 30.
Со само еден индексен поен помалку (29) второто место го освои кошаркарот на Цедевита, Џамар Рајан.
Во ТОП 5 се уште и: Иван Маринковиќ (Задар) со 27 инд. поени, Огњен Кузмиќ (Црвена звезда) со 25 инд. поени и Ентони Болден (ФМП) со 24 инд. поени.