Јужнокорејското Обвинителство најави можен упад во кабинетот на претседателката Парк

Од:

Специјалното јавно обвинителство на Јужна Кореја денеска најави дека разгледува можност негови службеници насила да упаднат во кабинетот на јужнокорејската претседателка Парк Гуен-хје, откако службата на шефицата на државата одби да им овозможи на обвинителите пристап до просториите.

Како што јави агенцијата Јонхап, Обвинителството води истрага во врска со корупциски скандал во кој е вмешана претседателката Парк. Според Обвинителството, Парк се товари дека заедно со нејзината блиска пријателка Чои Сун-сил и соработниците вршеле уцени и притисоци врз големи компании да донираат средства за фондацијата, која ги поддржува политичките иницијативи на шефицата на државата.  

Обинителството инфромира дека доставило уредно барање за претрес на претседателскиот кабинет, но дека тоа било одбиено.

Согласно Уставот, Парк ужива имунитет од кривичен прогон се додека ја извршува претседателската функција.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња