Убиени 20 бунтовници во Колумбија

Од:

Најмалку 20 припадници на бунтовничкиот ФАРК загинале во воздушните напади на колумбиската војска врз негов камп во провинцијата Нарино, во близина на границата со Еквадор.

– Најмалку три сепаратистички кампа се бомбардирани за време на операцијата, изјави локалниот воен командант, генерал Леонардо Бареро.

Нападот е извршен откако колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос вчера ги предупреди лидерите на ФАРК дека имаат помалку од една година преку преговори да стават крај на најдолгото бунтовништво во Латинска Америка.

– Ова треба да биде процес кој трае неколку месеци, а не години. Со други зборови, преговорите не треба да траат подолго од ноември следната година, истакна Сантос.

ФАРК започна формални преговори со Богота на 18 октомври во Норвешка, а потоа се сретнале во Хавана на 19 ноември. Преговори ќе се водат и цела оваа недела.

Во конфликтот кој трае речиси половина век, загинале околу 600.000 луѓе, 15.000 се водат како исчезнати, а четири милиони лица се раселени.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски