Донација во книги во спомен на Светлана Антоновска

Од:

Во библиотеките во Македонија изминатиот месец донирани се неколку илјади книги од библиотечниот фонд на домашната библиотека на Светлана Антоновска, која беше статистичар и долгогодишен носител на повеќе општествено-политички функции.

Со ова, како што се посочува во денешното соопштение, се исполнила една од последните желби на Антоновска, којашто кон крајот на нејзиниот живот, останувајќи доследна на нејзините заложби за развој на научната мисла и за поддржување на младите стручни кадри, одлучила голем дел од публикациите коишто го сочинувале библиотечниот фонд на нејзината домашна библиотека, да бидат донирани на соодветните специјализирани библиотеки во државата.

Донацијата опфаќа стручна литература од повеќе области како што се статистиката, математиката, економијата и воената историја, а книги се донирани во библиотеката на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, библиотеката на Македонската академија на науките и уметностите, Централната армиска библиотека, библиотеката на социјалниот центар „Дуња“ и библиотеките на неколку странски културни центри во земјава.

– Преку оваа обемна донација, меѓу другото, на македонската стручна и научна јавност, за првпат ѝ стануваат достапни голем број капитални, монументални научни дела, објавени надвор од Република Македонија, коишто ќе имаат применлива функција во бројни натамошни научни проучувања и истражувања и ќе бидат референци во мноштво нови научни трудови, а преку нив, во нашиот општествен и културен простор ќе продолжи да живее и духот на Антоновска, којашто како што неодамна, на погребот на нејзините посмртни останки истакна и Васил Тупурковски, беше, е и ќе остане пример за модел на општествено одговорна личност којашто може, знае и сака да придонесе за унапредување и развој на македонското општество и на земјава, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

МОН за доцнењето од три месеци: Авторите немаа интерес да достават предлог учебници

A1on