(ВИДЕО) Груевски со проглас им објави „војна“ на сите

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од пред Државната изборна комисија го прочита прогласот усвоен од Извршниот комитет со кој најави дека партијата нема да учествува на прегласување, доколку тоа помине на Државната изборна комисија и на Управниот суд. Груевски кажа дека во иднина нема да учествувале странски претставници во преговори помеѓу партиите, нема да дозволел повеќе да се мешаат во внатрешните работи на Македонија, ќе работел на десороизација на Македонија.

Сакам да ве информирам дека заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе проглас кој што ќе го прочитам и ќе ги информирам сите чии очи се веперени во одбраната во Република Македонија.

ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија, имаме информации за вмешување на странски претставници со цел влијание на некој од членовите на ДИК, а во правец на постизборен инженеринг и фалсификување на изборната волја на РМ.

Некои од независните претставници на ДИК не се независни, незаконските одлуки на ДИК може да ги корегира Управниот суд, повикуваме да не се врши никаков притисок од страна и врз судот. Доколку и Управниот суд ја фалсификува слободно извразената волја, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување, рече Груевски.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните.
Државата мора суверено да го носи одлуките, некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата, тоа мора да запре. Остануваме отворени за соработка, но некои амбасадори кои почнаа да се мешаат во внатрешната политика мора да престанат да го прават тоа. ВРМО-ДПМНЕ нема да дозволи понатамошно мешање во вантрешните рабти на Македонија, рече Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ го напушта форматот на преговори со други партии, а на кои учествуваат странски амбасадори.

ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија, доколку истите ги нема во други земји на ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати кантонизација и редифинирање на државата под било какви услови.

Ќе се бориме за десороизација на РМ и јакнење на независен граѓански сектор под ничија контрола, ќе се пристапи кон регулирање на финансирање на невладините организации како во најнапредните држави во светот.

ВМРО-ДПМНЕ и историски и во сегашноста и во иднина, била и ќе биде прозапоадно ориентирана партија, нашата цел е стратешно пријателство со ЕУ и САД, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино