Советот за безбедност на ОН ги истакна заслугите на Бан Ки-мун на местото генерален секретар на Светската организација со усвојување резолуција во негова чест, пренесе ТАСС.
Резолуцијата беше усвоена без гласање по помалку од еден ден откако вонредната седница на Советот за Сирија, што мина во жестока атмосфера, забележуваат агенциите.
Во резолуцијата со истакнува придонесот на Бан Ки-мун „во воспоставување на светскиот мир, безбедност и развој, неговите исклучителни напори за решавање на меѓународните проблеми во економската, социјалната, еколошката и културната област, како и иницијативите за задоволување на хуманитарните потреби и унапредувањето на човековите права“.
Петнаесетте земји од Советот изразија длабока благодарност „на актуелниот генерален секретар за приврзаноста кон принципите и целите утврдени во Повелбата на ОН“, и развојот на пријателските односи меѓу државите.
Бан Ки-мун е генерален секретар на ОН од 2007 година, откако мина на оваа функција два петгодишни мандати.
Од 1 јануари оваа должност ќе ја преземе поранешниот премиер на Португалија Антониу Гутереш.