Државната изборна комисија ги соопшти денеска неофицијалните резултати од парламентарните избори во Кувајт според кои шиитското малцинство е победник на изборите кои ги бојкотираше опозицијата.
Шиитсите кандидати освоија 17 од 50 пратенички места во кувајтскиот Парламент, на вторите избори во последните десет месеци, откако одбија да се придружат на повиците на опозицијата на бојкот на изборите.
Опозицијата, во која доминираат сунити, ги бојкотираше изборите поради изменетите изборни правила.
Шиитите сочинуваат околу 30 отсто од вкупно 1,2 милиони жители на Кувајт, а во претходниот состав на парламентот имаа седум пратеници.