Нов претседателски мандат за Васил Тупурковски на чело на МОК

Од:

Васил Тупурковски останува прв човек на Македонскиот олимписки комитет и во наредните четири години. На денешното Собрание на Македонскиот олимписки комитет (МОК) одржано во Скопје, членовите на највисокиот орган на МОК, со акламација му дадоа поддршка на Тупурковски да остане на чело на најзначајната спортска организација во државата.

Тупурковски за против кандидат на изборното собрание го имаше поранешниот олимпиец кајакарот Атанас Николовски, но по презентираната програма на двајцата кандидати, Тупурковски најнапред доби големо мнозинство на гласовите на делегатите, а веднаш потоа и со акламација, нов мандат за претседателското место.

– Голема чест, задоволство и пред се обврска ми е што и во наредниот период ќе може да се грижам за подобро утре на македонскиот спорт. Знам дека ќе биде уште потешко, бидејќи критериумите се уште повисоки, но само со правилна работа и макотрпна работа мислам дека ќе успееме да го вратиме на вистински пат македонскиот спорт, изјави Тупурковски, по добивањето на новиот мандат.

Тупурковски е на чело на Македонскиот олимписки комитет веќе 24 години, односно од формирањето на МОК во 1992 година, кој една година подоцна стана полноправна членка на Интернационалниот олимписки комитет.

– Мене ми беше чест што прв пат во историјата на МОК, бев против кандидат на еден ваков голем спортски работник како што е претседателот Тупурковски, и се надевам дека ќе бидат прифатени и сугестиите за работа и организација на работата на МОК во иднина, изјави Николовски.

Меѓу новитетите кои ќе ги воведи МОК, а со цел на подобрување на маркетиншкото работење на организацијата ќе биде „лансиран“ интернет телевизискиот канал МОК ТВ, на кој ќе бидат емитувани и промовирани сите спортски настани од државата.

Би можело да ве интересира

Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Катерина Ѓуровски

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Предраг Петровиќ

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

A1on

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

МОК воспоставува манифестација за најуспешни македонски спортистки

Ана Ололовска

МОК го награди Георгиевски со 10.000 евра и стипендија за олимпиското сребро

Ана Ололовска