На денешниот ден пред 25 години македонските фудбалери Илија Најдоски и Дарко Панчев со Црвена звезда го освоија Интерконтиненталниот куп со победата над Коло Коло.
Тогашниот европски првак во финалето одиграно во Токио, Јапонија пред 60 илјади гледачи го победи шампионот на Јужна Америка со 3:0.
Стрелец на два гола беше Владимир Југовиќ, еднаш погоди Панчев.
Црвена звезда настапи во следниот состав: Милојевиќ, Радиновиќ, Василијевиќ, Југовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Стошиќ, Ратковиќ, Панчев, Савичевиќ и Михајловиќ.