Меѓу новогодишните украси во Рига и нацистички симбол

Од:

Дел од новогодишната декорација во летонската престолнина Рига е и најпознатиот нацистички симбол – свастика. Иако требало да симболизира снегулка, на прв поглед е јасно дека е нацистички симбол, кој се појави во понеделнкот во центарот на Рига.

Иако голем број Летонци беа шокирани од глетката, градочалникот на Рига Милс Усаковс, не гледа проблем во декорацијата и за локалнит емедиуми изјав дека не ни размислува да ги отстрани проблематичните симболи.

Ова не е првпат симболи типични за нацистите да се појават во Летонија. На тревникот на официјалната резиденција на летонскиот претседател Раимондс Вејонис во мај оваа година се појави свастика, што тогаш беше објаснето дека градинарот кој ја косел тревата сакал прво да ги отстрани деловите пожолтени од сонцето, па одлучил да направи симбол во тревата кој во овој дел на светот симболизира среќа и виталност.

летонија свастика

И играчите на летонскиот хокеј тим Динамо – Рига во 2013 година истакнаа свастика за време на традиционалиот танц со кој почнуваат натпреварите, поради што нивните гости од Русија остро протестираа.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски