ВИДЕО: Како се искривува вистината во македонските медиуми?

Од:

А1 он укажува на грубата монтажа изведена преку недозволеното земање видео материјал од страна на порталот www.press24.mk и негова преработка на дел од интервјуто со Ѓунер Исмаил направено од А1он.

Изјавата на Ѓунер Исмаил е без дозвола преземена и премонтирана за да се прикаже поинаков впечаток.

Од материјалот на А1, од посочениот портал, најнепрофесионално, е извадена една реченица со која се објаснува мотивот зошто треба да се извади споменикот на Никола Карев од пред Собранието, со што намерно се создава поинаков впечаток за кажаното.

А1 предупредува дека во иднина ќе поведе судска постапка за секаква дополнителна монтажа на нејзините интервјуа и изјави, како и вадењето од контекст на изјавите кои се во сопственост на порталот.

А1 нема намера никого да застапува или да брани поради изречените ставови, но ќе реагира за грубото искривување на вистината преку сечење и премонтирање на материјали кои се означени со логото А1он.

Во прилог се презентира материјалот и изјавата на Ѓунер Исмаил како што го измонтира порталот www.press24.mk и оригиналот емитуван на А1он.


Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски