Претставничкиот дом на Колумбија ја одобри мировната спогодба со ФАРК

Од:

Ревидираната мировна спогодба меѓу колумбиската Влада и Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) беше одобрена доцна синоќа од Претставничкиот дом на Конгресот со 130 гласови „за“ и ниту еден „против“.

Претходно вчера спогодбата беше едногласно одобрена и од Сенатот.

Со овој чекор се стави крај на конфликтот, кој трае повеќе од 50 години.

Новата варијанта на спогодбата, чија првична верзија беше отфрлена на референдумот на 2 октомври беше договорена откако беа земени предвид некои предлози на опозицијата, незадоволна од преголемите отстапки во полза на бунтовниците.

Со усвојувањето на спогодбата од Парлманетот почна да тече рокот, во кој 5.800 борци на ФАРК ќе се демобилизираат во 27 „мировни зони“, каде под контрола на Обединетите нации ќе бидат разоружани.

Колумбускиот претседател Хозе Манеул Сантос изјави дека борците треба во период од пет дена да почнат да се движат во тие зони, а процесот на предавање на оружјето ќе почне по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски