(ВИДЕО) Груби: УЧК е во Владата, во Собранието, албанскиот и сега е официјален јазик

Од:

Артан Груби во „Топ тема“ на Телма кажа дека УЧК ја водела и се уште е во Владата на РМ. УЧК го води Собранието, УЧК ги води општините во Македонија, кажа Груби.

Тој потврди дека огромно мнозинство од ветераните на УЧК во изминативе години се вработени во државната администрација, но и дека ги има и во администрацијата, земаат плата и седат дома.

Ситуирани се огомното мнозинство членови на УЧК, ги вработи Владата на ДУИ. Луѓето на УЧК ја водат Република Македонија, Али Ахмети е лидер на ДУИ, основач на УЧК во Македонија, Косово и Прешево.

Со Уставот абанскиот јазик е еднаков секаде, Уставот се однесува на цела територија, албанскиот јазик е официјален јазик во Македонија, рече Груби.

Скопје е двојазично, албанскиот јазик секаде се зборува, Бутел ќе биде следна општина која ќе биде менаџирана од градоначлник Албанец, врз основа на политиките на ДУИ и демографските околности, рече Груби.

Тој кажа дека ДУИ бара одговорност за тие што прислушувале, но и дека Скопје 2014 е непродуктивно.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Обвинителството молчи за дивоградбите во Чаир

Влен: Граѓаните со години гледаа како неколку луѓе крадат и се збогатуваат, додека ДУИ чуваше стража

Горан Наумовски

ДУИ: Го предизвикуваме Меџити да се откаже од функциите и да излезе на избори без привилегии на власта

ДУИ: Македонија не е, и никогаш нема да стане „третата српска република“

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

ДУИ: Единствениот Албанец од вкупно 12 во Комисијата за наградата „8 Септември“ се предлага самиот себеси за добитник