Колумбискиот Сенат синоќа го одобри новиот мировен договор, кој е потпишан на 24 ноември меѓу Владата на претседателот Хуан Мануел Сантос и бунтовниците од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК).
Документот од околу 300 страници беше одобрен со 75 гласа „за“ и ниту еден против, потврди секретаријатот на Сенатот.
Се очекува текстот од договорот да биде изгласан и од пратениците во Претставничкиот дом, по што ќе биде конечно потврден.
Договорот има за цел да стави крај на 50-годишниот вооружен конфликт меѓу властите во Богата и бунтовниците на ФАРК.