Кошаркарите на Црвена Звезда ја продолжија победничката серија во АБА лигата откако во рамките на 11.коло како гости ја совладаа Олимпија во Љубљана со 89:67.
Решавачката предност „црвено-белите“ ја остварија во третиот период што го добија со 25:15 и ја потврдија победата. Најефикасен на дуелот беше Огњен Кузмиќ со 20 поени.
Резултати на другите натпревари од оваа рунда:
Игокеа – МЗТ Скопје 79:72,
Карпош Соколи – Цедевита 89:81,
Морнар – Крка 86:73,
Партизан – Мега 86:79,
ФМП – Будуќност 69:77 и
Цибона – Задар 82:73.
Табела: Црвена Звезда 11-0 (победи-порази), Будуќност 10-1, Партизан 8-3, Цедевита 7-4, Цибона 7-4, Игокеа 6-5, Мега 4-7, Крка 5-5, Задар 4-7, Морнар 3-8, ФМП 3-8, МЗТ Скопје 3-8, Олимпија 3-7, Карпош Соколи 2-9.