Данскиот премиер предложи формирање нова трипартиска влада

Од:

Данскиот премиер Ларс Локе Расмусен изврши измени во својот владин Кабинет, откако вчера објави дека неговата десноцентристичка либерална партија Левица (Венстре) постигнала договор за формирање нова коалциска влада со  две десни партии, Либералната алијанса (ЛА) и Конзервативната народна партија (ДКФ), јави ДПА.

По промените, предложени од премиерот, претставници на двете десни партии ќе добијат министерски позиции.

Расмусен останува премиер, а неговата партија ја задржува и функцијата министер за финансии, која ќе ја извршува Кристијан Јенсен, досегашен министер за надвоешни работи.

Досегашниот министер за финансии Клаус Хорт Фредериксен станува министер за одбрана.

За министер за надворешни работи е предложен Андерс Самуелсен, лидер на Либералната алијанса, која со месеци се закануваше дека ќе ја собори Владата на Расмусен поради несогласувањата во врска со даноците, миграцијата и социјалната политика.

Министер за правда ќе биде Сорен Папе Поулсен, лидер на Конзервативната народна лартија.

Во новата Влада, партијата Либерална алијанса, која има 12 места во 179-члениот Парламент, добива шест министерски позиции, а ДКФ со само шест пратеници ќе има три министерски функции. Новата Влада на Расмусен ќе има вкупно 22 министри, од кои 13 од партијата на Расмусен, која има 34 пратеници.

Расмусен досега беше на чело на малцинска Влада, која ја имаше поддршката на популистичката Данска народна партија (ДФ). Не е познато дали оваа партија ќе го поддржи и новиот кабинет, откако не беше поканета да учествува во него.

Подоцна во текот на денот новиот состав на Владата ќе биде претставен пред кралицата Маргрета Втора.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ