Данскиот премиер Ларс Локе Расмунсен соопшти денеска дека е постигнат договор за формирање нова влада на Либералната партија со Либералниот сојуз и Конзервативната партија.
Договорот, објавен преку Твитер, ќе намали ризик од предвремени избори имајќи предвид дека малцинската Влада на Расмунсен се соочуваше со тешки преговори за 10-годишниот план за реформи.
Партијата на Расмунсен (Либералната партија) има само 34 места во парламентот во кој се 179 пратеници. Новата коалиција ќе мора да се потпира и на поддршка од антиимиграциската Данска напредна партија кои не се повикани во владата.