Втора победа за Карпош Соколи во АБА лигата

Од:

Екипата на Карпош Соколи ја постигна втората победа во АБА лигата откако синоќа во рамките на 11. коло ја совлада екипата на Цедевита со 89:81. Резултат по четвртини 25:12, 20:22, 21:20 и 23:27.

Победата и изненадувањето Карпош Соколи го најави од самиот почеток на дуелот. Предноста од првата четвртина играчите на тренерот Драган Николиќ ја зачуваа до крајот на натпреварот, иако гостите од Загреб во неколку наварти се доближија, а во 37. минута беше 75:72 за Карпош Соколи.

Најефикасни на дуелот беа Драган Зековиќ (Карпош Соколи) и Џамар Ботрајт (Цедевита) двајцата со по 23 поени.

Вториот македонски тим во АБА лигата МЗТ Скопје Аеродорм гостува кај Игокеа, а почетокот на дуелот е во 17 часот.

Резултати на натпреварите од 11. коло: Морнар – Крка 86:73, Партизан – Мега 86:79, Карпош Соколи – Цедевита 89:81. Денеска играат Игокеа – МЗТ Скопје А., ФМП – Будуќност, Цибона – Задар, додека дуелот Олимпија – Црвена Звезда се игра во понеделник.

Табела: Црвена Звезда 10-0 (победи-порази), Будуќност 9-1, Партизан 8-3, Цедевита 7-4, Цибона 6-4, Игокеа 5-5, Мега 4-7, Крка 5-5, Морнар 3-8, Задар 4-6, ФМП 3-7, МЗТ Скопје А. 3-7, Карпош Соколи 2-9, Олимпија 3-6.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска