Сириските владини сили презедоа контрола над кавртот Маскен Ханано во северниот дел на Алепо, кој досега беше под контрола на бунтовниците, објавија денеска сириските државни медиуми.
– Вооружените сили на Сирија ја повратија целосната контрола над Маскен Ханано, информира сириската државна телевизија.
Според истиот извор, во тек е операција за расчистување на квартот од поставени експлозивни направи.