Груевски: Кризата ќе заврши само со 63 пратеници за Коалицијата „За подобра Македонија“

Од:

Нов студентски дом во вредност од околу 6 милиони евра, нов објект на Драмскиот театар, гимнастичка сала и отворен базен во СЦ „Борис Трајковски“, затворени тениски терени, жичарница од болница Козле до Средно Водно за која се планирани 7,4 милиони евра, темелна реконструкција на ГОБ „8 Септември“ за над пет милинои евра и завршување на реконструкциите на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и на амфитеатарот во локалитетот Скупи со 9000 седишта, се меѓу проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ наменети во скопската општина Карпош каде вечерва на митинг беа претставени кандидатите за пратеници.

Лидерот на партијата Никола Груевски вети и две повеќенаменски и пет баскет игралишта, изградба на најмалку три градинки и реконструкција на некои од постојните, рурални развојни зони во Горно Нерези и во Бардовци, реконструкција на патишта, шеталишта, плоштади… Како и на претходниот митинг во Аеродром, тој зборуваше за економската политика на неговата партија и за резултатите што ги постигнале во изминатите години – намалување на невработеноста, зголемување на пензиите, инвестиции од странски компании, најниски даноци, отпис на долгови на 15.000 семејства…Најави инензивно темпо во спроведување на новите проекти во наредниот мандат. Меѓу нив се „Купи куќа за над 36 години“, гасификација за домаќинствата во општините, нов комплекс клиники „Мајка Тереза“….

– Има две алтернативи – една која гради, друга која разградува. Изборот е многу едноставен. Овие избори се прво за тебе и за твоето семејство, и се избори за суверена и унитарна, европска и економски силна Македонија, порача Груевски. Истакна дека уште 15-ина дена има до ставање крај на она што две и пол години Заев, Шекеринска и СДСМ и го правеле на државата и на граѓаните.

– Исклучително е важно кризата да заврши, а ќе заврши само со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Тоа е главна гаранција за завршување на кризата во Република Македонија и дека Заев и неговата банда нема да продолжат да ја дестабилизираат Македонија, рече Груевски.

Додаде дека Заев ги обвинува за национализам зашто сакал да внесе раздор и неединство но, рече, Албанците се нивни коалициски партнери во Владата и бенефитите од сите проекти подеднакво им припаѓаат на сите граѓани на Република Македонија.

– Секој Албанец кој својата иднина ја планира во оваа држава и во овие граници ме има мене и ВМРО-ДПМНЕ за сојузник, зашто ние се грижиме за сите граѓани во Македонија. Нека не ги залажува Заев дека сме националисти, вакви или онакви. Сакаме соживот и заедно да одиме напред, додаде Груевски.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела