Колумбија денеска ќе потпише мировен договор со ФАРК

Од:

Колумбиската Влада и групата Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК) денеска во Богота ќе потпишат нов мировен договор, со кој се става крај на вооружениот конфликт, кој трае повеќе од половина век.

– Делегациите на Владата на Колумбија и на ФАРК прифатија на 24 ноември во 11:00 часот (16 според Гринич) во Богота да потпишат договор за ставање крај на конфликтот и постигнување одржлив мир, соопштија во заедничката изјава преговарачите од двете страни .

Тие нагласија дека потоа новиот договор ќе биде претставен пред колумбискиот Парламент, со цел да биде одобрен.

Претходниот договор со ФАРК на референдум беше отфрлен од страна на Колумбијците .

Поранешниот колумбиски претседател Алваро Урибе одби да го поддржи новиот договор.

Урибе ја предводеше кампањата за поништување на претходниот договор, која доведе до негово отфрлање.

Според Урибе над 50-те промени во договорот ќе ја стават под закана демократијата во Колумбија, бидејќи со нив не се казнуваат доволно бунтовниците за злосторствата кои ги извршиле.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски