Екипата на Манчестер Сити на коло пред крајот на групната фаза, обезбеди пласман во осминафиналната рунда во Лигата на шампиони.
Нерешениот резултат на синоќешното гостување во Менхенгладбах кај директниот конкурент Борусија беше доволен за „граѓаните“ да го обезбедат второто место на табелата во Ц групата, а со тоа и да изборат место меѓу шеснаесетте најдобри во елитата.
Единствена отворена дилема во првата половина од групите (А – Д) останува кои две екипи од Б конкуренцијата ќе играат во осминафиналето. По нерешени резултати на натпреварите во Неапол и Истанбул, три екипи, Наполи, Бенфика и Бешикташ, се во само еден бод разлика, па во последното коло ќе се решава кои ќе продолжат понатаму.
Резултати и табели од 5.коло во Лигата на шампионите во групите А, Б, Ц и Д:
А група: Арсенал – ПСЖ 2:2, Лудогорец – Базел 0-0.
Табела: Арсенал 11 бодови, ПСЖ 11, Базел 2, Лудогорец 2.
Б група: Наполи – Динамо Киев 0:0, Бешикташ – Бенфика 3:3.
Табела: Бенфика 8 бода, Наполи 8, Бешикташ 7, Динамо Киев 2.
Ц група: Борусија Менхенгладбах – Манчестер Сити 1:1, Селтик – Барселона 0:2.
Табела: Барселона 12 бода, Манчестер Сити 8, Борусија Менхенгладбах 5, Селтик 2.
Д група: Атлетико Мадрид – ПСВ 2:0, Ростов – Баерн Минхен 3:2.
Табела: Атлетико Мадрид 15 бода, Баерн Минхен 9, Ростов 4, ПСВ 1.
Последното 6.коло во групната фаза на програмата е на 6 и 7 декември.